Утрински Весник
Македонија

Тошковски од Атина: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци

V1.jpg

Денеска (08.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Атина се сретна со г-дин Марк Џулиан Сиверт кој е претседател на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.

На средбата се разговараше за можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците и беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.

Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни.

Можете да прочитате

На Груби му истекува куќниот притвор, нуди имот од 335.707 евра за враќање на пасошот

Средба во Охрид со две врвни пијанистки

Најдена дрога во Тетово, уапсени две лица