Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ја очекува поддршката од сите етнички заедници заради политичкиот кредибилитет

D182d0b5d0bbd0b5d184d0bed0bdd181d0bad0b8 D180d0b0d0b7d0b3d0bed0b2d0bed180 D0bdd0b0 D0bfd0b5d0bdd0b4d0b0d180d0bed0b2d181d0bad0b8 D181 63de707e1da4f.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Сител ТВ истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка.

„На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка“ посочи Пендаровски.

Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир