Утрински Весник
Македонија

Дали ВМРО-ДПМНЕ повторно се откажа од бранителите?

Денот на Армијата ќе биде одблежaн свечено и со присуство на државниот врв

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со месеци и со илјадници амандмани го кочи Законот за вработените во одбраната кој треба да обезбеди повиски плати на административните и цивилни работници во Министерството за одбрана и во Армијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки и Бране Петрушевски поднесоа 1500 амандмани на Законот условувајќи ги со носењето на Законот за посебните права на бранителите.

Но, денеска, овие двајца пратеници ги повлекле своите амандмани на Законот за вработените во одбраната и се чини дека ВМРО-ДПМНЕ одново, по којзнае кој пат ги изневери и злоупотреби бранителите во своите дневнополитички надмудрувања.

Можете да прочитате

Две лица се приведени, а се трага по 18-годишниот возач, кој вчера возач усмрти жена во Скопје и неговиот татко

СДСМ: Само со техничката влада е можен обид за фер избори

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено