Утрински Весник
Македонија

Во тек акција на полицијата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи

20260911132152 big 730x400 99.webp.webp

Министерството за внатрешни работи спроведува нова акција поврзана со незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи. 

– МВР денеска спроведува координирана акција, којашто опфаќа претреси на повеќе локации. Станува збор за случајот, поврзан со сомнежите за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д категорија. Акцијата е во тек, со цел расчистување на случаите и обезбедување материјални докази, велат од полицијата.


Акцијата следува по истрагата што Внатрешната контрола на МВР ја започна минатиот месец. Тогаш било утврдено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачките дозволи на лица кои немале положено испит за управување со камиони или автобуси.

Можете да прочитате

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и тоа да биде законски регулирано

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија 

Почина 47-годишен кумановец, излетал од патот Велес-Штип