Техничкиот премиер Талатр Џафери до Собраниетио доставил предлог за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити информираат од Владата
„Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација“ велат од Владата.
На местото од двајцата министри кои доаѓаат од Алијанса за Албанците и важат за блиски до претседателот Арбен Таравари, се предлагаат исто така членови на партијата Алијанса за Албанците
– Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, се вели во соопштението.