За јавниот повик со објава на својата официјална страна на фејсбук, информираше градоначалникот Бобан Стефковски.
Ве информирам дека е објавен јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на нов велосипед!
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед од Република Македонија во период од денот на објавувањето се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба и кои немаат искористено субвенција за купување на нов велосипед.
Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок.
Ги повикувам граѓаните на општина Гази Баба да ја искористат можноста и да аплицираат за добивање на субвенции. – напиша Стефковски.