Утрински Весник
Македонија

Османи: Се разгледува можноста државата да компензира за тие кои имаат важечки пасоши, а заради договорот треба да ги сменат

Bujar Osmani 13.jpg

Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека од 12 февруари патните документи со старото име нема да важат. За граѓаните кои треба да се вратат во државата а не ги смениле документите, тој напомена дека треба да бидат во комуникација со дипломатско конзуларните претставништва, преку кои ќе бидат упатени за понатамошна постапка. Тој нагласи дека се гледа и можноста за рефундација.

-Јас пред неколку дена бев искритикуван затоа што бев брутално искрен со граѓаните. Реков да не ги лажеме граѓаните бидејќи Преспанскиот договор не може да се смени. Лидерот на опозицијата велеше дека ќе достави претставка до Уставниот суд, за потоа да дојдат до тоа што јас го кажав дека треба да се реорганизираме за да им помогнеме на граѓаните. Ќе има дежурна екипа во Министерството која што ги прифаќа тие телефонски повици, нека се јават на тој број, ние ќе ги упатиме, ќе им укажеме што треба да направат, рече вечерва Османи во своето гостување на ТВ21.

На прашање дели во моментот има такви повици, Османи посочи дека има, но очекуваат да се зголемат како се приближува рокот.

Тој потврди дека од 12 февруари патните документи со старото име нема да важат. Како што рече, Грција ги има информирано сите држави, дека тој пасош е неважечки.

-Ние веќе се реорганизираме во МНР. Имавме комуникација со сите дипломатско конзуларни претставнишатва, праќаме луѓе на испомош, се организираме на двосменско работење за да им излеземе во пресрет на тие што ќе имаат потреба да се вратат во државата и да бараат патен лист, додаде Османи.

Тој рече дека новиот премиер на првата седница формирал работна група за да се изнаоѓаат решенија кои што се развија во неколку сценарија, од можноста државата да компензира за тие кои имаат важечки пасош а заради договорот треба да ги сменат, до можноста за реорганизирање на службите.

-Се разгледува и опција за рефундација. Ова беше на првата седница на Владата, на барање на премиерот Џафери и ние сега како работна група од министри треба да му реферираме на премиерот за нашите предлози како сметаме дека може да им се излезе во пресрет на граѓаните, додаде Османи.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер