Утрински Весник
Македонија

Костовски: Нема пардон за ниту еден политичар, СДСМ е за одлучна и немилосрдна борба против корупцијата и криминалот

Img 1813

„За нас стратешка определба е црните листи на нашите стратешките партнери САД и Велика Британија да бидат преточени во законски решенија со што уште повеќе ќе ја унапредиме борбата против корупцијата и криминалот и ќе се потрудиме во општеството перцепцијата за одлучната борба на СДСМ да биде преточена во што поголема доверба во таа борба,“ рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија, во врска со Предлог законот за рестриктивни мерки.
Костовски посочи дека потребен е општ консензус за оваа тема, да се покаже доблест, да се покаже волја како извршна власт и да се покаже дека тоа не е обичен памфлет туку дека ќе се направи сериозен исчекор во борбата против корупцијата, криминалот и борбата против овие девијантни појави.
Притоа, воопшто нема да има пардон за ниту еден политичар, туку напротив немилосрдната, одлучната исправната борба против овие девијантни појави биде преточена во законско решение,“порача Костовски.

Можете да прочитате

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!