Утрински Весник
Свет

Ердоган ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд на правдата за Израел

Erdogan
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја поздрави денешната одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг за тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцидот во Појасот Газа.

Највисокиот суд на Обединетите нации денеска не нареди прекин на огнот во Појасот Газа, но побара од Израел да ги преземе сите мерки за да ги спречи неговите сили да извршат геноцид во палестинската енклава.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека очекува Израел „веднаш и целосно да ја спроведе одлуката“ на судот.

Процесот против Израел за геноцид беше инициран од Јужна Африка, која побара од Меѓународниот суд на правдата да му нареди на Израел да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија