Утрински Весник
Македонија

По 18 години СДСМ доби претседател на Собрание – избран Јован Митрески

Img 20240126 Wa0005

По цели 18 години, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија назначи претседател на Собранието, со изборот на Јован Митрески за нов собраниски спикер. Последен претседател на Собранието од СДСМ, пред Митрески, беше Љупчо Јордановски од 2003 до 2006 година.

Митрески беше избран денес со 64 гласови ЗА и 40 гласови против од опозицијата. Тој на функцијата доаѓа по оставката на досегашниот претседател, Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер во пероодот до изборите.

По гласањето за нов претседател на Собранието, Јован Митрески даде и потиша свечена изјава дека одговорно ќе го води парламентот и со тоа стапи на функцијата. Тој се заблагодари на Талат Џафери за досегашното, како што рече, успешно раководење со законодавниот дом, до сите пратеници и пратенички групи, како и до службите.

На денешната собраниска седница беше констатирана и оставката на премиерот Димитар Ковачевски. Оставките на Ковачевски и Џафери се за изборот на техничката влада на 28 јануари, 100 дена пред изборите во мај.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ