Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Премиерот и обвинителите ги повикуваат граѓаните да пријавуваат корупција, но не кажуваат кога ќе има одговор.


АКТ на СДСМ поднесе пријави и во ДКСК и во Обвинителството. Сè пријавуваме заедно со граѓаните – одговор нема.

Го пријавивме и Мицкоски врз основа на сомнеж дека е дел од балканскиот картел, дел од Вучиќевата организирана криминална група и шеф на нејзината експозитура за Македонија. 

ВМРО ја пријавивме како мафијашки синдикат што управува и со ЗНАМ и со ЗНАМ 2.0.

Одговор за тендерите добивме само како утврдување татковство – дека татко не е татко.

Ако Мицкоски сака да помогне, нека се пријави себеси, нека се уапси себеси и нека го признае целиот криминал, корупција, но и сите тешки дела против државата застапувајќи ги руските и Вучиќевите интереси.

Мицкоски не сфаќа дека тој е извршна власт, а не правосудна. Не може тој да се поистоветува со обвинителството. Не може да ги дели инструкциите од говорница, од телевизија и преку телефон.

Затоа имаме ваков извештај на Европската комисија. Затоа корупцијата е на највисоко ниво. Затоа стоиме во место за ЕУ.

Обвинителството мора да работи независно. Не по повик од Мицкоски. Не по налог од ВМРО-ОКГ.

Обвинителството дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа банда ВМРО-ОКГ.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Можете да прочитате

Форум на жени на ВЛЕН бара неселективна правда за жртвите на насилство

Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство

Забранета за пиење водата од струшкиот водовод поради заматеност