Утрински Весник
Свет

Одговорноста за вчерашниот хаос на аеродромот во Белград според министерот Весиќ е на францускиот оператор

Tan2024 01 2121422257 4
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бесни патници, хаос во авионскиот сообраќај, гужви и нервози. Вака накратко може да се опише вчерашниот хаос на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ утрово изјави дека за вчерашните работни проблеми е одговорен операторот на аеродромот Никола Тесла, француската компанија „Венчи“ (Винчи), поради што се откажани три лета и 17 доцнеа. Весиќ изрази очекување дека компанијата ќе им се извини на патниците, а авиокомпаниите кои претрпеле штета и откажале или одложиле летови ќе имаат можност да си ја наплатат штетата од операторот. Како што објасни за Танјуг, хаосот настанал бидејќи возачот на автобусот ги однел патниците кои долетале од Скопје на погрешен излез се измешале со патници кои веќе ја поминале контролата и требало да одат до авионот. Како што напоменува и тој ова е целосно неприфатливо. -Точно е дека се случуваат човечки грешки, дека тоа не се случува само на белградскиот аеродром, но факт е дека грешките им се случуваат многу често и дека ќе мора многу повеќе да работат на нивната организација бидејќи мора да ги почитуваат патниците на белградскиот аеродром како што тоа го прават и на аеродромите во Франција. Многупати сум разговарал за тоа со нив и очекував да научат од тоа и подобро да се организираат, рече министерот.

 

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија