Утрински Весник
Спорт

Реал го освои Суперкупот

20240115075536 big 730x400

Реал Мадрид синоќа ја декласира Барселона со 4:1 и го освои Суперкупот на Шпанија. Реал го освои 21 трофеј во Суперкупот. На стадионот во Ријад блескаше Винисиус Жуниор со хет-трик.

Реал со доминантна партија, во ритамот на Винисисус Жуниор ја прегази Барселона.

Бразилецот го постигна првиот гол во седмата минута, а потоа во 10. минута по вторпат го совлада Инаки Пења.

Роберт Левандовски во 33. минута го намали резултатот, а шест минути подоцна Винисиус изнуди пенал.

Тој ја презеде одговорноста и во 39. минута го комплетираше хет-трикот.

Конечниот резултат го постави сонародникот на Винисиус, Родриго во 64.минута.

Барселона финалето го заврши со играч помалку. Роналд Араухо во 71.минута го доби вториот жолт картон.

 

Можете да прочитате

У20: Македонските фудбалери поразени од репрезентацијата на САД

Модриќ се изедначи со Меси по број на репрезентативни настапи

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“