Утрински Весник
Македонија

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, нема уставни изнени под бугарски диктат

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, нема уставни изнени под бугарски диктат

Го осуетивме планот на власта, продолжуваме обединето и кохезивно, нема уставни изнени под бугарски диктат, објави ВМРО-ДПМНЕ додека во тек е Седницата на Централниот комитет  на партијата.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за редовна седница на Централниот комитет на партијата, на која се зборувало за актуелната политичка и економска состојба.

„Се реафирмираа ставовите кои беа изнесени во јавноста минатите денови, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на власта, на оската ДУИ – СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ. Дополнително, се потврди силната кохезија која ја има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од почеток до крај сите 44 пратеници, а во однос на неприфаќање на уставни измени под бугарски диктат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Воедно, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, падна во вода и тезата која власта ја пласираше години наназад во јавноста дека партијата ја раководат други лица, затоа што различностите се очигледни денес.

 

Можете да прочитате

За влез во државата на ГП Табановце и Богородица се чека околу еден час

(Видео) Колони автомобили кон Скопје

Папата Франциск во 2019 година ја посети Северна Македонија