Утрински Весник
Македонија

Превезувале огревно дрво без документација, приведени две лица од кумановско

Превезувале огревно дрво без документација, приведени две лица од кумановско

На 18.09.2023 во 19.30 часот на подрачјето на општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ф.Ќ.(41) од с.Лопате, кумановско и М.С.(49) од Куманово.

dobivaj vesti na viber

При преглед во патничкото возило „пежо боксер“, кое го управувал Ф.Ќ., и во товарно возило „форд транзит“, кое го управувал М.С., двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без документација.

Исто така, било запрено и патничко возило „фолксваген пасат“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревно дрво, но возачот го напуштил местото. Трите возила и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер