Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Со Јакуп Хусеини на чело на Брвеница целиме кон 11-тата општина

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Вечерва, во 20:00 часот, во основното училиште во Челопек, ќе го претставиме кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Брвеница, Јакуп Хусеини, како и неговата програма за развој на општината.


Со искуството на ВЛЕН во централната власт и во раководењето со 10 општини, каде што кадрите на ВЛЕН реализираа бројни проекти, целиме кон тоа Брвеница да стане 11-тата општина.

Јакуп Хусеини доаѓа со јасна визија и конкретна програма за инфраструктурата, локалната економија, младите, животната средина и транспарентноста.

Вечерашната конвенција го означува следниот чекор на патот кон ново управување во Брвеница.

Можете да прочитате

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини во единствен опозициски фронт и да се врати на победничките патеки

Брвеница в недела избира градоначалник: Шест кандидати во трката за општината

Треновски: Пред да увезуваме работници од странство, да ги вработиме нашите луѓе!