Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Берлинскиот процес, патот кон регионален пазар што го приближува Балканот до Европа

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

На Западен Балкан му е потребен функционален регионален пазар, но пред сè соработка што го приближува регионот до Европската Унија.


Берлинскиот процес е рамката за оваа соработка да се претвори во конкретни резултати: помалку бариери за бизнисите, повеќе инвестиции, поголема конкурентност и посилно поврзување со европските синџири на вредност.

Економскиот потенцијал на регионот е голем. Следниот чекор е домашните компании да не останат само дел од производството, туку да создаваат поголема додадена вредност, да развиваат сопствени технологии и производи и да имаат поголема улога на европскиот пазар.

Во таа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на економската конференција во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, каде што во фокусот беше зајакнувањето на Заедничкиот регионален пазар и економското приближување на Западен Балкан кон Европската Унија.

Ова е регионалната соработка што ја поддржува ВЛЕН. Соработка што создава можности и го приближува регионот до Европа.

Можете да прочитате

Платформата „12:05“: Филипче се повеќе личиш на својот поранешен работодавец Груевски

Тошковски: Разбиена сериозна организирана криминална група во Прилеп која со години дејствувала во Македонија и во земји од ЕУ

ЗАМП мора да отвори ново поглавје – време е за ново раководство