Утрински Весник
Македонија

Спасовски на работна средба со претставници на делегацијата од Европскиот центар за следење дроги и зависности од дрога

Спасовски на работна средба со претставници на делегацијата од Европскиот центар за следење дроги и зависности од дрога

Денеска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, остварија работна средба со делегацијата од Европскиот центар за следење дроги и зависности од дрога (ЕМЦДДА), предводена од Фредерик Денекер, ИПА-проект координатор.

dobivaj vesti na viber

Европскиот центар за следење дроги и зависности од дрога соработува со институциите на земјите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ од 2008 година преку развивање и спроведување проекти за техничка соработка финансирани од ИПА-програмата, како што е тековниот ИПА-регионален проект за техничка соработка со земјите од Западен Балкан. Крајната цел на овие проекти е да ги запознаат корисниците со политиките и методите на работа на ЕУ, како и подготовка за учество во работата на ЕМЦЦДА. Во таа насока и министерот Спасовски истакна дека борбата против недозволената трговија со дрога е еден од врвните приоритети на Министерството и дека соработката со Центарот е од клучно значење за МВР.

На состанокот беа истакнати целите на оваа соработка, која се фокусира на собирање и анализирање податоци за прашања поврзани со дрогите обезбедувајќи вредни увиди за трендовите на дрогите, моделите на употреба и нивните социјални и здравствени последици. Соработката со Центарот помага да се усогласат политиките и стратегиите за дроги во европските земји, како и за воспоставување систем за рано предупредување за откривање на новите закани и трендови од дрога.

Генерално, соработката со ЕМЦДДА е од витално значење за информирано креирање политики, координиран одговор на предизвиците со дрогите и заштита на јавното здравје и безбедност во Европа за што и двете страни се сложија дека соработката и во иднина ќе продолжи и ќе се интензивира.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор