Утрински Весник
Македонија

Со црева краделе гориво од резервоарите на претпријатието во кое работеле: уапсени двајца кумановци

Грабеж имало – но не во Скопјанка туку во Бутел

Вчеравечер, 11 септември, околу 21 часот, во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д. С. (52) и С. М. (55), двајцата од Куманово.

dobivaj vesti na viber

Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг на јавно претпријатие во кое работеле со гумени црева извлекувале, односно одземале гориво од резервоарите.

Кај нив биле пронајдени и одземени 7 пластични канти со гориво и две гумени црева.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе им бидат изготвени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати