Утрински Весник
Македонија

СДСМ за случајот Онкологија: Поддршка за институциите за целосно расчистување, никој нема да се богати на сметка на здравјето

СДСМ за случајот Онкологија: Поддршка за институциите за целосно расчистување, никој нема да се богати на сметка на здравјето

Акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите. За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега за прв пат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда. Според СДСМ, институционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период.

– Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри, само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани, години наназад, ќе ги изнесе пред лицето на правдата, велат од СДСМ и додаваат дека нема да дозволат некој да се богати на сметка на здравјето.

Можете да прочитате

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен

Касами: За Таравари нема место во Владата, но делот од Алијанса кој не се согласува со него може да остане

Потребна е итна санација на патот во Галичник откако падна потпорен ѕид пред недела дена