Утрински Весник
Македонија

Тројца скопјани искасани од кучиња

Тројца скопјани искасани од кучиња

Вчера во 11.45 часот во Полициската станица Аеродром, 78-годишниот Ј.Ј. од Скопје пријавил дека на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден во 12.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 56-годишниот Н.С. од Скопје пријавил дека на улицата „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник.

На 29 август во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, 42-годишниот В.Т. од Скопје пријавил дека на крстосница од булевар „Словенија“ со булевар „Јадранска Магистрала“ бил каснат од куче скитник, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч