Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: „Ленинова“ по реконструкцијата е модерна, урбана и зелена улица

Герасимовски: „Ленинова“ по реконструкцијата е модерна, урбана и зелена улица

Улицата „Ленинова“ го доби финалниот лик, модерно уредена со многу зеленило, велосипедски патеки и паркинзи за станарите, објваија од Општина Центар. По неколку месечната реконструкција денеска и официјално, општината ја промовира една од главните сообраќајници во општината.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека „Ленинова“ по реконструкцијата доби европски лик.

„Во изминатиот период на „Ленинова“ се работеше на поставување на атмосферска, водоводната и фекалната канализација, подземно се спушти кабловската мрежа и се отстранија старите дрвени бандери со што се ослободија тротоарите. На улицата се поставени паркинзи за велосипеди, се обележаа велосипедски патеки од двете страни на улицата, се оформија и паркинзи за резидентните станари. Улицата Ленинова“ е една од главните артерии во Општина Центар и мило ми е што по оваа реконструкција граѓаните кои живеат овде но и посетителите ќе имаат убаво уредена и современа улица. Со поставувањето на завршниот слој асфалт, новите канделабри и урбаната опрема улица „Ленинова“ го доби и финалниот лик налик европските улици“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Покрај новата урбана опрема на улицата исто така се оформи и зеленилото со закројување на крошните од дрвјата кои го попречуваа видикот и ги оштетуваа фасадите на станбените згради.

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта