Утрински Весник
Македонија

Бремена жена со хематоми по телото пријавила насилство од партнерот во кратовско – наводно ја принудувал и на полови дејствија

Whatsapp image 2026 10 14 at 17.17.50.jpeg

Четириесет и двегодишна жена од Босна и Херцеговина, која живеела во кратовско село, пријавила малтретирање од својот вонбрачен партнер, а неколку дена подоцна биле пријавени и наводи за физичко и сексуално насилство. По извршените лекарски прегледи било утврдено дека жената е бремена и дека има хематоми на одредени делови од телото.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 5 ноември 2026 година, во СВР Куманово, 42-годишната жена пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д. (46), жител на истото село.


Полицијата веднаш постапила по пријавата и извршила службен разговор со двајцата партнери.

Според информациите од МВР, при разговорот жената изјавила дека го слушнала партнерот како разговара со други жени, по што му побарала пари за да си замине. Бидејќи тој не ѝ дал пари, таа го пријавила случајот.

По првичното постапување, мажот бил предупреден, додека жената била спроведена во Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

Меѓутоа, на 10 ноември случајот добил нов тек откако Националната мрежа против семејно насилство доставила пријава до ОВР Кратово со сериозни наводи за насилство врз жената.

Според пријавата, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. наводно ја принудувал жената на полови дејствија и физички ја напаѓал.

Дополнително, при извршените лекарски прегледи било констатирано дека 42-годишната жена е бремена и дека на одредени делови од телото има хематоми.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Засега не се соопштени дополнителни информации за евентуални кривични пријави или други мерки против пријавениот.

Можете да прочитате

УХМР најавува силен ветер и дожд – температурите ќе паднат од сабота

Ниту Савески ниту Хаџи-Василева не откриваат дали има предмет за „Алта банка“

Влегол во стан и се обидел да украде куфери со пушки и муниција – полицијата го фатила крадецот