Утрински Весник
Македонија

Мечка и две мечиња убиени во Жировница

Мечка и две мечиња убиени во Жировница
Dik 300x250 mk

Во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, се убиени мечка и две мали мечиња, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

dobivaj vesti na viber

„Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени мечка и две мечиња“, изјави тој.

Појасни дека по пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапил на лице место.

Според информациите на надлежните утрово во близина на селото Жировница, пред влезот во селото од страна на ренџерската односно чуварската служба, било забележано дека се отстрелани три мечки -Женка со две мали мечиња.

Можете да прочитате

Клексанот оди на позитивна листа: Од крајот на ноември ќе се зема на рецепт во аптека

Наставничка од Кавадарци фотографила приватни разговори на колешка и ја кодошела кај директорката

Заврши „Енерго-Технома 2025“ – иновации, соработка и практични решенија на едно место