Утрински Весник
Балкан

Невреме и големи поплави на Крит, оштетени куќи и автомобили уништени посеви

83bfd4f0 514d 4a3f 92af 941c50f947fc.webp.webp

Околу 22.000 удари од гром се регистрирани на островот Крит и во јужниот дел на Егејското Море во претходните 24 часа, соопшти денес грчката метеоролошка служба, додека властите ја проценуваат штетата по периодот на обилни дождови и грмотевици.

Грчката метеоролошка служба соопшти дека се очекува обилните дождови да продолжат уште неколку часа пред да се подобрат условите. Големи делови од земјоделското производство на Крит беа уништени, а бројни патишта беа поплавени со огромни количини вода.


Бројни куќи беа оштетени, а во многу области беа регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија. Метеоролозите објавија дека во областа на Ретимнон наврнале до 500 милиметри дожд.

Германска туристка загина, а нејзиниот сопруг беше полесно повреден откако беше погодена од гром на островот Родос во петокот. Метеоролошката служба соопшти дека се очекува временските услови да се подобрат.

Можете да прочитате

Во БиХ денеска се одржуваат општи избори

Рама: Европската Унија ја лаже Украина

Две лица загинаа во пожар во близина на Белград