Утрински Весник
Свет

Борбата против пожарoт на Тенерифе продолжува – илјадници се евакуирани, се апелира жителите да ги затворат прозорците

Борбата против пожарoт на Тенерифе продолжува – илјадници се евакуирани, се апелира жителите да ги затворат прозорците

На шпанскиот остров Тенерифе продолжува борбата против огромниот шумски пожар. Пожарот доведе до евакуација на 3.800 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Во Шпанија од почетокот на годинава изгореа над 76 илјади хектари.

Пожарот во Тенерифе проголта сува шума од двете страни на стрмните карпи во близина на вулканот Теиде, највисокиот врв во Шпанија со над 3.700 метри. Стрмниот терен, високите температури и ветерот го отежнаа пристапот на пожарникарите. Поради пожарот, голем дел од островот е покриен со облаци од чад и пепел. Се предупредуваат граѓаните да ги затворат прозорците и да избегнуваат подолг престој надвор.

„Пожарот веќе зафати осум општини на островот Тенерифе. Неговата вкупна површина е 3.700 хектари“, рече претставник  на властите.

Пожарот во Тенерифе е опишан како најразорниот во последните 40 години. Експертите нагласуваат дека е многу интензивен и тешко се гасне.

Регионалниот премиер на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, истакна: Стотици пожарникари работат на терен, обидувајќи се да го стават под контрола пожарот. Во гаснењето активно се вклучени и авиони.

Минатата недела топлотниот бран на Канарските острови остави многу области целосно суви, зголемувајќи го ризикот од шумски пожари. Синоптичарите предупредуваат дека во Шпанија претстои нов пораст на температурите.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата