Утрински Весник
Свет

(Видео) Преживеан од Хаваи: „Луѓето врескаа и повраќаа, тоа беше како хорор филм“

(Видео) Преживеан од Хаваи: „Луѓето врескаа и повраќаа, тоа беше како хорор филм“

Жителот на Хаваите, Идрис Нуара, еден од преживеаните во застрашувачкиот пожар во Лахаина, кој однесе најмалку 53 животи, рече дека полицијата му рекла да „скокне во океанот“ за да избега од пожарот што го опустоши градот.

dobivaj vesti na viber

„Слушнавме врескање како во хорор филм. Не знаевме што се случува. Слушавме луѓе како повраќаат, но не видовме, чад имаше насекаде. Се беше црно. Три пати повикав полиција. Кога конечно ми се јавија ми рекоа дека не можат да дојдат и дека морам да скокнам во океанот. Ги прашав: „Дали сакате да скокнам во океанот додека надвор има ураган?“ Поминав околу три часа во водата пред да ме спасат“, рече Нуара.

Можете да прочитате

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа