Утрински Весник
Спорт

Аке во Сити до 2027 година

Аке во Сити до 2027 година

Манчестер сити во саботата потврди дека Нејтан Аке го продолжил договорот со клубот до јули 2027 година.

dobivaj vesti na viber

Минатата сезона, 28. годишниот Аке забележа 41 настап за Сити и постигна три гола.

„Ова е најдобриот клуб во светот. Немам ни најмал сомнеж за тоа. Секој ден сум исклучително горд што сум играч на Манчестер сити. Јас сум во фаза од мојата кариера кога сакам да продолжам да се развивам и да напредувам и знам дека дефинитивно можам да го добијам тоа овде“, изјави Аке за клупската веб-страница по продолжувањето на договорот со „Граѓаните“.

„Пеп е најдобриот менаџер на светот, тој е гениј кој ме натера да гледам на секој натпревар поинаку. Привилегија е да се добие повеќе време за работа со него. Благодарен сум му за се што направи за мене досега, лично и професионално“, додаде Аке.

Холанѓанецот професионалната кариера ја започна во Челзи, каде што пристигна како момче од Феенорд. Следеа позајмици на Ридинг, Вотфорд и Борнмут, кои го купија од Челзи во 2017 година. Тој пристигна во Манчестер сити во 2020 година.

За холандската сениорска репрезентација дебитираше во 2017 година.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига