Утрински Весник
Економија

Бектеши: Со подобрување на организациската поддршка и економско јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност

Бектеши: Со подобрување на организациската поддршка и економско јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност
Screenshot

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настанот насловен „Зајакнување на прилагодливоста и растот на микро, малите и средните претпријатија“ во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ што го спроведува Консалтинг за стратешки развој со финансиска поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Министерот Бектеши во своето обраќање потенцираше дека преку подобрување на мерките за ублажување на негативното влијание на кризите, подобрување на организациската поддршка и економскиот јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност и инклузивност.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

„Денеска имаме прилика да го проследиме настанот кој во континуитет се имплементираше заедно со УСАИД за зајакнување на капацитетите во делот на еко-системот, во делот на поддршка на сите наши асоцијации се со цел да им излезат во пресрет попрофеисонално и на најдобар можен начин на нашите микро и мали компании. Ние како Министерство за економија целосно ги поддржуваме ваквите проекти имајќи предвид дека дизјанираме мерки се со цел да имаме одржлив економски развој, а посебно да се излезе во пресрет на потребите на микро и малите компании кои се и двигатели на економскиот развој во нашата држава, и кои креираат најмногу работни места во нашата држава“, кажа министерот.

Бектеши потенцираше дека Министерството за економија имајќи го предвид значењето на Микро, малите и средните претпријатија и на претприемништвото како двигатели на економијата, превзема разни мерки и активности за финансиска и нефинансиска поддршка со цел унапредување и подобрување на конкурентоста на претпријатијата преку поддршка за имплементирање на стандардите за квалитет, за набавка на нова и модерна опрема, како и за јакнење на институционалната инфраструктура за поддршка на ММСП, претприемништвото и занетчиството.

Посочи дека треба во континуитет да се креирата можности и да се работи на поддршка на жените кои сакаат да отворат свои бизниси, а секако и развој на оние жени кои веќе поседуваат некаков бизнис.

„Благодарение на успешната соработка во изминатиот проектен циклус, Министерството за економија, од септември 2022-ра година ја продолжува соработката во рамките на новиот проект „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, финансиран од УСАИД со цел понатамошно јакнење на деловните здруженија како клучни партнери во креирањето на политиките за зголемена конкурентност и продуктивност на микро, малите и средни претпријатија“, кажа министерот.

Можете да прочитате

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност