Утрински Весник
Магазин

Модна недела во Париз: Ревиите продолжуваат по немирите

Модна недела во Париз: Ревиите продолжуваат по немирите
Ss2

Славните личности и дизајнери ја започнаа Париската недела на висока мода, која се одржува во позадина на петдневното насилство во градот.

dobivaj vesti na viber

Американската рап ѕвезда Карди Би, пејачката Камила Кабело и актерката Мејзи Вилијамс се меѓу присутните на престижниот моден настан во француската престолнина.

300x250 (7)

Но, по сериозните граѓански немири, постои одредена нелагодност поради искажување материјализам за ултра-богатите.

Некои велат дека модните писти и коктел забавите треба да се откажат, а други велат дека луѓето од светот на модата се глуви.

Раководителката на одделот за мода на „Телеграф“, Лиза Армстронг, напиша: „Овие намирисани клиенти, пренатрупани со дијаманти, без никаков допир со реалноста, изгледаат чудно дури и во нормални времиња, но оваа недела изгледаат надреално глуви“.

Таа додаде дека еден од присутните забележал: „Прилично е чудно да се види како големите француски брендови не признаваат што всушност се случува во нивната земја“.

Насилството во Париз и другите француски градови беше предизвикано од убиството на 17-годишно момче, но се чини дека ситуацијата се смири до понеделникот.

Во понеделникот и вторникот беа претставени првите колекции на висока мода – најелитната гранка на модната индустрија, каде фустаните се кројат по мерка на клиентите и се изработуваат за неверојатни суми.

Ѕвездата на „Црниот Пантер“, Лупита Нионго на ревијата на „Шанел“ во вторникот.

Некои брендови, како „Клои“, ги откажаа забавите за време на викендот, но само „Селин“ целосно го повлече учеството поради немирите.

Модната писта на „Шанел“ беше на брегот на реката Сена

Дизајнерката Хеди Слиман напиша на „Инстаграм“: Mодна ревија во Париз, додека Франција и нејзиниот главен град се ужалени и со модрици, изгледа… безобзирно и сосема погрешно“.

Други ги оставија настрана грижите, продолжувајќи со ревиите во понеделникот со креации инспирирани од грчки божици („Кристијан Диор“), ликовна уметност („Шиапарели“) и сирени (Ирис Ван Херпен).

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август