Утрински Весник
Македонија

Затвореник од Идризово направил лажен профил, искористил туѓи податоци за кредити и купил три мобилни телефони

Затвореник од Идризово направил лажен профил, искористил туѓи податоци за кредити и купил три мобилни телефони

31-годишен стружанец со иницијали П.С., кој моментално се наоѓа на издржување казна затвор во КПД Идризово и М.Ф. (60) од Скопје се гонат за „измама“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

dobivaj vesti na viber

„Во период од 2021 до јануари 2022 и на 04.02.2022 година, П.С. преку лажен профил на социјална мрежа успеал да обезбеди лични податоци на В.В. од Свети Николе, кои неовластено ги искористил и склучил договори со две финансиски друштва, по што добил средства со кои потоа купил три мобилни телефони. Притоа, М.Ф. откако остварил комуникација со П.С., му помогнал да ги изврши кривичните дела така што го подигнал еден мобилен телефон и го прикрил идентитетот на лицето на кое му го предал телефонот“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Тошковски: Го враќаме редот и довербата во МВР – криминалците нема да имаат мир

Тошковски: Се постапува по случаи со дивоградби – резултатите ќе бидат видливи наскоро

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш