
Сообраќајот пред Скачковце, во насока кон Свети Николе, е во прекин откако камион се излизгал на коловозот, објави „Скопје1“.
Товарното возило го попречува минувањето, поради што патниот правец е затворен за сообраќај.
Засега нема официјални информации дали има повредени лица, ниту кога се очекува нормализирање на сообраќајот. Причините за излизгувањето допрва треба да се утврдат.
Настанот се случува во услови на снежни врнежи во делови од државата. АМСМ утрово информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со снег на повисоките места и послаби врнежи во пониските предели.



