Утрински Весник
Свет

По експлозијата во Париз шест лица во критична состојба, по едно лице се трага

По експлозијата во Париз шест лица во критична состојба, по едно лице се трага

Шест лица се во критична состојба, а едно се води како исчезнато, ден по експлозијата во квартот Латино во Париз, соопшти градското јавно обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Обвинителот изјави за Ројтерс дека околу 50 лица се повредени во експлозијата, која запали неколку згради. Обвинителот изјави дека едно од двете лица кои се исчезнати е пронајдено и згрижено во болница, како и дека потрагата по другото лице продолжува.

Властите се уште не кажале што ја предизвикало експлозијата, но очевидци велат дека во областа имало силен мирис на гас.

Експлозијата ја уништи фасадата на зградата во која се наоѓа Париската школа за дизајн на Американската академија.

Можете да прочитате

ЕК ги повика земјите – членки навремено да се подготват за сигурно снабдување со нафта

Пезешкијан: Иран ќе одлучи кога оваа војна ќе биде завршена

Трамп упати остри пораки до европските земји