Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ристова: ВМРО-ДПМНЕ бесрамно излажа и ширеше паника дека во државата има отровен зеленчук

(Видео) Ристова: ВМРО-ДПМНЕ бесрамно излажа и ширеше паника дека во државата има отровен зеленчук

ВМРО-ДПМНЕ го проби дното кога е во прашање пласирање на лажни вести и дезинформации. Цел викенд партијата предводена од Христијан Мицкоски бесрамно и скандалозно лажеше дека на македонскиот пазар, на македонските трпези има отровен зеленчук, изјави на денешната прес-конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Со тоа, оваа партија свесно ширеше паника и предизвикуваше вознемиреност кај граѓаните.

„Таквите скандалозни тврдења, се покажаа како целосно невистинити. Во Македонија во продажба нема зеленчук или овошје од увоз што не се безбедни за консумирање и тоа е потврдено согласно стандардните процедури на надлежните институции. Со тоа се демантира уште една лага од Белата палата која единствено за цел имаше да создаде паника кај граѓаните и недоверба кон институциите“, вели Ристова.

Оценува дека за сите изнесени лаги Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не собраа храброст да ѝ се извинат на јавноста.

„Истото го гледаме и сега, наместо извинување, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги надоградува лагите што веќе се демантирани. Ова е класичен пример за неодговорност кон сопствените граѓани кон сопствениот народ, доказ дека партијата предводена од Мицкоски не се грижи ниту за своите сограѓани, ниту за својата држава. Деструкции, блокади, свесно пласирани лажни вести, тоа е се што знае и може ВМРО-ДПМНЕ“, посочува таа.

Можете да прочитате

ЕБР и полицијата спречија бегство на убиецот од Штип – уапсени петмина и извадени пред суд

Спроведени во суд петмина осомничени за убиството во Штип – убиецот е 21-годишен Турчин

Ставрески и Славевски се најсериозни кандидати за гувернер на Народна банка