Утрински Весник
Македонија

Лефков за кардиохиругот Јовев: Ваквите одлуки покажуваат зошто здравствениот кадар е понижен

Лефков за кардиохиругот Јовев: Ваквите одлуки покажуваат зошто здравствениот кадар е понижен

Начинот на кој функционира власта се гледа и низ последните случувања во здравството, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

„Неуспесите кои ни се случуваат на секое поле се токму резултат на ваквите кадрови политики кои секогаш се базираат на задоволување на личните интереси, а не задоволување на колективните и пред се интересите на граѓаните, изјави Лефков одговарајќи на новинарско прашање за разрешувањето на кардиохирургот Јовев.

Лефков потенцира дека ваквите потези резултираат со зголемено незадоволство и несигурност на граѓаните во здравствениот систем.

„Ваквите одлуки покажуваат зошто здравствениот кадар е понижен веќе со години и затоа ни се случува да имаме дефицит на кадар. Власта очигледно е дека одмазнички настроена кон сите што не и се истомисленици и за жал политиката е навлезена во секоја пора од македонското општество. Ова мора да заврши што поскоро и мора институциите да ги ослободиме од стегите на политиката“, додаде тој.

Можете да прочитате

Директна авиолинија Анкара – Скопје и карго железничко поврзување  

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Мојсоска: Преку казината власта го пере црниот кеш и затоа не смее да ги затвори коцкарниците