Утрински Весник
Македонија

Голем број дејствија, реконстркција, проверки – но три месеци ниту трага, ниту глас од внукот на Бошкоски

Голем број дејствија, реконстркција, проверки – но три месеци ниту трага, ниту глас од внукот на Бошкоски

По изминати скоро три месеци од грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски – од него нема ниту трага ниту глас. Институциите тврдат дека трагаат по него, осомничените и натаму тврдат дека се невини и немаат никаква поврзаност, додека родителите бараат било каква информација за грабнатиот. Од скопското Обвинителство за „Макфакс“ посочуваат кои дејствија ги преземале, но не одговараат дали истрагата напредува за Костадиновски да биде најден.

dobivaj vesti na viber

„Во рамките на огромниот број дејствија кои што Основното јавно обвинителство Скопје ги презема со цел пронаоѓање на лицето и обезбедување докази беше извршена и реконструкција на целиот настан согласно проверките направени до овој момент. Обвинителството крајно посветено работи на расчистување на настанот“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Притворот за осомничените скопјани, во чиј автомобил Костадиновски последен пат бил снимен како влегува се продолжува од месец во месец. Обвинителството тврди дека тие можат да избегаат, сокријат докази, влијаат на сведоци – Кривичен суд смета дека сомневањата се оправдани и треба да останат во затворот во Шутка.

„Макфакс“ претходно објави дека осомничените скопјани, во затворот стигнале и до телефон, остварувале комуникација со лица од надвор – која не доведе до Костадиновски, но доведе до апсење на дилери на дрога. Дополнително, обвинителот направи и реконструкција – осомничените кажуваа каде го возеле Костадиновски, но и каде го оставиле.

Костадиновски исчезна на почетокот од март. Во полиција пријави неговиот повозрасен брат.

Можете да прочитате

НЕМА МЕСТО ЗА ШИРЕЊЕ НА ПАНИКА: Нема во најава екстремно топол бран од Африка

МВР со демант до СДСМ по тврдењата за набавка на сомнителен софтвер за прислушкување

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност