Утрински Весник
Свет

Ердоган е во водство, покажуваат првичните резултати од изборите во Турција

Ердоган најави дека следната година пак ќе се кандидира за претседател

Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган е во водство, покажуваат првичните прелиминарни резултати од денешниот втор круг од претседателските избори во Турција.

dobivaj vesti na viber

По пребројани 89,8 отсто од гласовите, Ердоган има 52,72 отсто, додека неговиот ривал Кемал Киличдароглу 47,28 отсто, покажуваат резултатите што ги објави турската новинска агенција „Анадолија“.

И во првиот изборен круг, според првичните резултати, Ердоган имаше големо водство, но тоа се намали во текот на вечерта.

Од друга страна, агенцијата „Анке“ јавува дека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу е во водство со 50,95 отсто од гласовите, додека Ердоган има 49,05 отсто од гласовите врз основа на 67,27 отсто од преброените ливчиња.

Според досегашните податоци, излезноста била 84,74 отсто, а гласале најмалку 24,1 милион граѓани.

Избирачките места се затворени во 17 часот по локално време.

Можете да прочитате

Волстрит журнал: Канада сака да стане придружна членка на Европската Унија

Трамп: Зеленски предизвикува недостиг на дизел, тоа мора да престане

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела