Утрински Весник
Свет

Поцрне водата во фонтаната Треви во Рим, активисти за климатски промени истурија разреден јаглен

Поцрне водата во фонтаната Треви во Рим, активисти за климатски промени истурија разреден јаглен

Седуммина активисти кои протестираа против климатските промени се качија на фонтаната Треви во Рим и истурија разреден јаглен во водата за да ја поцрнат, јавија италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите од групата Ultima Generazione (Последна генерација) кренаа транспаренти на кои пишуваше „Нема да плаќаме за фосилни [горива]“ и извикуваа „Нашата земја умира“.

Униформираната полиција влезе во водата за да ги одведе активистите. Многумина туристи го снимаа целото случување, а некои извикуваа навреди кон демонстрантите, покажа видео снимката.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина