Утрински Весник
Спорт

Касано: Јувентус две години не одиграле пристоен натпревар

Касано: Јувентус две години не одиграле пристоен натпревар

Jувентус, во четвртокот, беше елиминиран во полуфиналето на Лига Европа од Севилја по продолженија, па оваа сезона ќе ја заврши без освоен трофеј. Поради тоа поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано жестоко го критикуваше тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

dobivaj vesti na viber

„Севиља заслужено оди во финалето. Играа добро, знаеја што да прават со топката во тешки ситуации. Тоа беше натпревар кој го играше Севилја, од почеток до крај само еден тим играше. Јувентус имаше два контранапади, две шанси во судиското надополнување, потоа постигнаа гол и се повлекоа. Јуве секогаш е таков, оди во Лигата на шампионите и изгледа како ѓубре, оди во Лига Европа и истото се случува“, изјави Касано на Инстаграм и додаде.

„Ова е последицата. Нема да освојат ништо годинава. Сега Алегри ќе ги критикува другите, ќе спомне дека имале проблеми… Какви проблеми? Тие две години не одиграле пристоен натпревар, изгледаат како ѓубре и сега испаднаа од Лига Европа“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина