Утрински Весник
Спорт

Анчелоти и наредната сезона ќе го предводи Реал

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти ќе остане на клупата на Реал Мадрид уште една година
Анчелоти, сезонава осови две титули, на Светскоо клупско првенство и во Купот на Шпанија, но не успеа да ги одбрани трофеите во домашниот шампионат и Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Претходно, првиот човек на Реал, Флорентино Перез изјави дека останувањето на Италијанецот не зависи од исходот на двата меча во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде Реал беше поразен од Манчестер Сити.

Перез и Анчелоти се договориле да продолжат со досегашната политика на доведување млади играчи. Речиси сигурно е дека следното засилување ќе биде Џуд Белингем кој пристигнува од Борусија Дортмунд.

А главниот трансфер би требало да следи можеби следната година кога Перез уште еднаш ќе се обиде да го донесе во Мадрид, Килијан Мбапе.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025