Утрински Весник
Македонија

Се прават сите проверки на мостот „Беласица“ за кога ќе се пушти никој да не биде загрозен, вели Арсовска

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП?

Град Скопје ги врши потребните проверки на мостот „Беласица“ изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, укажувајќи дека Градот мора да се осигура дека во моментот кога мостот ќе биде пуштен во употреба нема да биде загрозен никој.

dobivaj vesti na viber

Таа денес присуствуваше на настан по повод Денот на пожарникарите и да им се заблагодари за експресната реакција при пожарот на мостот „Беласица“ со што спречија поголема материјална штета и негово проширување.

„Службите на Градот Скопје и лично јас уште од првата вечер сме на терен на увид во настаната штета при пожарот. Денеска со мене е и еден од најголемите експерти не само во Македонија туку и пошироко професорот Михаил Гаревски кој во текот на изминатата недела изврши иницијални проверки со цел да добиеме потврда и да бидеме сигурни дека во моментот кога мостот ќе биде пуштен во употреба нема да биде загрозен никој. Напоменувам дека заедно со помошта на видни стручни лица од областа, Град Скопје ги превзема сите потребни проверки со цел да бидеме сигурни дека никој нема да биде доведен во опасност и затоа се спроведува детално истражување за штетата која би можела пожарот да ја нанесе на мостот „Беласица““, рече Арсовска.

Апелираше до сите институции да бидат на висина на задачата и прво да се спроведат сите можни испитувања на мостот Беласица како што тоа го прави Градот Скопје со цел да се дојде до вистински заклучок кога најбрзо мостот може повторно да биде пуштен во употреба.

Паушалните тврдења како досега кои произлегоа од политичките агенди на групи и поединци, што само шират страв и паника помеѓу граѓаните, не помагаат никому, рече таа.

Можете да прочитате

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка

Пoжари на диви депонии во Желино и Боговиње

Партиите продолжуваат со презентација на изборните програми, неполна недела до првиот круг од претседателските избори