Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 7,1 степен ги погоди островите Лојалти, нема опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 7,1 степен ги погоди островите Лојалти, нема опасност од цунами
Ss2

Земјотрес со интензитет од 7,1 степен е регистриран денеска југоисточно од островите Лојалти, кои се дел од францускиот архипелаг Нова Каледонија, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Американскиот геофизички институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 36 километри.

Ss1

Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 416 километри југоисточно од административниот центар на Нова Каледонија, градот Нумеа, каде живеат повеќе од 94. 000 луѓе.

Засега нема информации за жртви или материјална штета. Австралиската метеоролошка служба соопшти дека по земјотресот нема опасност од цунами за Австралија.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина