Гостин во кинески ресторан во Калифорнија забележал голем стаорец на врвот на лустерот и го објавил видеото.
„Минатата недела моето семејство и јас отидовме да јадеме во кинескиот ресторан ‘4 сезони’ во Кловис и ова е она што го видовме“, напиша тој на „Фејсбук“.
На видеото гледачите може јасно да го видат стаорецот како стои на еден од стаклените лустери во ресторанот, а неговата долга опашка виси низ светилката.
Мартин Сантароса, кој го сними видеото, коментира: „Тоа го нема на менито?“
Ресторанот бил затворен три дена за да се исчисти и дезинфицира зградата, а претставници на округот рекле дека нема докази за наезда на глодачи, но оти животното се вовлекло во објектот.
Сантароса рече дека тој и неговото семејство оделе во ресторанот во последните пет години и дека местото било чисто, а храната е добра.
Рече дека забележал го стаорецот што виси на светилката додека ја чекал својата нарачка, веднаш почнал да снима и го известил ресторанот.
Анонимен работник во ресторан претходно изјави за “„Фокс 26“ дека е во ресторанската индустрија повеќе од две децении и дека кујната на ресторанот е најчистата во која тој некогаш работел.
Понатаму, нагласи дека инцидентот со стаорци бил шок со оглед на тоа колку често чистат и дека вакво нешто досега не се случило.