Утрински Весник
Свет

Русија забрани влез во земјата на 500 американски државјани, меѓу нив и Обама

Русија забрани влез во земјата на 500 американски државјани, меѓу нив и Обама

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека поранешниот американски претседател Барак Обама е меѓу 500 американски државјани на кои ќе им биде забранет влезот во Русија, како одговор на најновиот пакет санкции објавен од Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението, Министерството наведува и дека Русија го одбила последното американско барање за конзуларен пристап на уапсениот новинар Еван Гершковиќ, кој е обвинет за шпионажа, пренесува РИА Новости.

САД и нивните партнери денеска објавија дека се воведени нови санкции против Русија поради војната во Украина, со што се интензивираа најтешките санкции што некогаш биле спроведени.

Новиот пакет санкции е насочен кон механизмите и поединците кои ѝ помагаат на Русија да ги избегне санкциите, потоа идните приходи од енергетските и воено-индустриските синџири на снабдување.

Можете да прочитате

Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: на бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција

Силен земјотрес во Турција, се почувствувал и во Грција

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина