Утрински Весник
Македонија

По кусо боледување почина Димитар Кафтанџиев, доајенот на македонската хирургија

По кусо боледување почина Димитар Кафтанџиев, доајенот на македонската хирургија

Вчера, во Скопје, по кусо боледување, почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев, доајен на македонската хирургија и основоположник на современата македонска торако-васкуларна и кардиохирургија. Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30. мај 1973 година ја извршил првата операција на отворено срце во државава.

dobivaj vesti na viber

Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на клиниката за торако-васкуларна хирургија, како и директор на Хируршките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје.

Автор е на две монографии со наслов ,,Рак на дојка” и ,,Рак на тиреоидна и паратиреоидни жлезди”, како и на многубројни стручни и научни трудови, презентирани во земјава и во странство.

Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои, Орденот за заслуги за народ со сребрена ѕвезда на СФРЈ, Државната награда ,,11 Октомври”, како и наградата на град Скопје ,,13 Ноември”.

Посмртните останки на проф. д-р Димитар Кафтанџиев ќе бидат погребани утре, на градските гробишта ,,Бутел” во Скопје.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ