Утрински Весник
Македонија

Иницијатор на „црните списоци“ е Стево Пендаровски, тврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев

МНР: Уставните измени сe прашање на државата, не постои ниту можност ниту волја за вклучување на странски институции
300x250 (7)

Бугарија категорично не се однесува со Северна Македонија, како што се однесува Русија со Украина, вистината е спротивна, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковчев во настап за бугарската „БТВ“.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во јануари или февруари имал средба со нивни функционери, на која станало јасно дека тој е иницијатор на „црните листи“ со бугарски граѓани, изјави европратеникот Андреј Ковачев.

Img 5587

„Бевме толку возбудени што не сметавме дека е потребно да ги разјасниме нашите проблеми надвор од територијата на Бугарија. Мислевме дека на братски начин ќе успееме да го надминеме повеќедецениското несогласување, омразата и на тој начин самите да ги надминеме проблемите“, потенцира Ковачев.

„Повеќе од 25 години молчиме на оваа тема, но ве уверувам дека во секоја декларација во ЕУ пишува за дискриминација на Бугарите“, додава европратеникот.

„Човековите права се клучни за ЕУ. Во Скопје ако тврдиш дека си Бугарин е проблем. Оваа земја е кандидат за Европската Унија. Го повикувам Националното собрание итно да ги усвои измените на законот за бугарско државјанство“, рече тој.

„Имаме земја во која моментумот од југословенската идеологија продолжува и сега. Не велам дека ние сме совршени, но има многу проблеми и кај соседите. И двете земји имаат долг пат“, категорично рече Ковачев.

Според него, историската комисија е апсолутно блокирана и не работи. „Вистината на историјата не може да ги дискриминира луѓето што живеат сега. Нема шанси да не натерате да замолчиме пред дискриминацијата и историските факти“, заклучува бугарскиот европратеник Ковачев за бугарската „БТВ“

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ