Утрински Весник
Свет

По 20 години на власт, Ердоган излегува на најтешките избори: Ако изгубам, мирно ќе се повлечам

Ердоган најави дека следната година пак ќе се кандидира за претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе го прифати резултатот од изборите во недела и ќе се повлече од функцијата доколку загуби, а се осврна на загриженоста дека можеби нема да ја напушти власта.

dobivaj vesti na viber

„Доаѓаме на власт преку демократски средства во Турција. Ако нашата нација одлучи поинаку, јас ќе го направам она што го бара демократијата, нема што друго да се прави“, изјави Ердоган на телевизија, на прашањето дали ќе ја предаде власта. .

Неговиот блок ќе ги почитува резултатите што доаѓаат од гласачките кутии, додаде тој. Ако опозицијата е загрижена за безбедноста на изборите, треба да ги надгледува сите избирачки места и да се грижи за безбедноста, исто како што тоа го прават сопартијците на Ердоган, рече тој.

„Волјата на нацијата не смее да биде компромитирана“, додаде Ердоган. Турскиот претседател рече и дека верува оти ќе биде реизбран за уште еден мандат и оти в недела ќе обезбеди парламентарно мнозинство.

По 20 години на чело на Турција, Ердоган се соочува со својот најтежок изборен тест поради негодувањето на јавноста поради економските тешкотии, неговото справување со последиците од масовните земјотреси во февруари и околу 3,5 милиони сириски бегалци. Според анкетите, кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу е малку пред Ердоган.

Можете да прочитате

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци