Утрински Весник
Македонија

Левицата: Народот да не плаќа повисоки камати од долгот, Предлог законите пред Собрание

СДСМ: Врв на неодговорноста, ВМРО-ДПМНЕ блокира 100 милиони евра во време на криза

Во собраниска процедура по скратена постапка влегоа Предлог-законите за изменување и дополнување на Законите за облигациони односи и за извршување, со кои покрај скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години, власта го ограничува износот на стасаната, а неисплатена казнена камата, која престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината, како и каматите кои ги пресметуваат извршителите, информираат од Левицата.

dobivaj vesti na viber

Овие предлог закони, како што појаснуваат, произлегуваат од Изборната програма на Левица, кои власта ги препиша и ги прикажува како свои.

„Антилихварското законодавтсво е значаен дел од Изборните програми на Левица. Со доаѓањето на власт на Левица, ќе се донесат закони со кои ќе се регулира банкарскиот систем во целина, како и финансиските друштва кои одобруваат брзи кредити. Народот нема да плаќа лихварски камати и на достоинствен начин ќе ги покрива своите семејни потреби во домашниот буџет. Должничкото ропство ќе биде еден мрачен период од три децениското владеење на СДСМ, ВМРО и ДУИ!

Левица веќе подолго време предлагаше да се ограничи износот кој должникот треба да го плати по основ на камати без разлика дали се договорни или казнени, а го надминуваат основниот долг и не само за финансиските друштва кои одобруваат брзи кредити, туку и за банките, како и за сите должничко-доверителски односи“, соопштуваат од оваа партија.

Оценуваат дека референтната каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата е највисока во последниве 12 години, што значи дека е повисока и казнената каматна стапка за долг во денари, која во облигационите односи помеѓу правни лица изнесува 14,75 отсто, а во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице изнесува 12,75 отсто.

Можете да прочитате

(Видео) Брод се запали на Охридското Езеро

Голем пожар во Струмица, го гасат 30 пожарникари

Власта најаува изградба на Центар за протези за повредените од Кочани