Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна несреќа кај Делчево: камион удрил во „мерцедес“, возач со тешки повреди е во болница

Сообраќајна несреќа кај Делчево: камион удрил во „мерцедес“, возач со тешки повреди е во болница

Вчера, во 14.47 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Делчево – Македонска Каменица, атар на с. Очипала, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. А. (22) од с. Студеничани, Скопско, и товарно возило „ман“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. И. (64) од Македонска Каменица.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата тешки телесни повреди добил М. И., констатирани во Клиничката болница Штип“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Делчево.

Можете да прочитате

СДСМ: Клековски призна – „црвените светла” се запалиле со задоцнување

Цветановски ЛДП: До кога ќе купуваме „мачка во вреќа”? Нема да отстапиме од отворените листи!

СДСМ: Толку правдања и префрлувања, а “црвеното светло” на Мицкоски и Клековски сè уште не работи