Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во Ченто: се судрија „пунто“ и „опел“, прегазен и пешак

Тешка сообраќајна несреќа во Ченто: се судрија „пунто“ и „опел“, прегазен и пешак

Вчера, во 21.20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Ј. (27) од Скопје, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П. Ј. (44) од Скопје, и пешакот А. Д. (38) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата тешки телесни повреди добил А. Д., констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција